Поради познати причини, а тоа е процентот кој го наплатуваат Apple и Google, Spotify уште од 2016 ја тргна можноста да корисниците се претплатат на сервисот директно преку апликацијата на iOS.
Сега корисниците кои биле претплатени пред таа одлука, веќе нема да можат да продолжат да ја плаќаат својата претплата, па ќе мора да направат нова директно преку страната на Spotify.
Бројката на корисници кои останале да плаќаат преку Apple сигурно не е голема, со оглед на тоа што сумата е за 3 долари повисока, нешто што го прават сервисите за да го надоместат процентот кој им го наплаќа Apple.
Инаку, Apple наплатува 30% од се што иде преку App Store, а поради критиките тие воведоа 15% дел после првата година, но сепак тоа не е малку.
Корисниците на Spotify ќе бидат префрлени на бесплатниот пакет, па тие ќе мораат да одат да направат нова претплата преку страната на сервисот. Се препорачува тоа да го направат по истекот на моменталната претплата, за да не се поклопи истиот период.