Одамна читаме за планот на најверојатно најпознатиот сервис за „стриминг“ на музика, Spotify, да воведе повисок квалитет, односно HiFi. Конкурентите веќе со години нудат ваков квалитет, а дел од нив не ни наплаќаат повеќе за него.
Оваа година можевме да прочитаме дека плановите во компанијата остануваат, иако делува дека нема ништо од нив. Секако, со оглед на конкуренцијата јасно е дека Spotify не може да си дозволи никогаш да не ја воведе можноста за искористување на скапите уреди кои ги имаат одреден процент од корисниците.
Blomberg сега најавува дека од компанијата се подготвени за пуштање на HiFi квалитетот, а тој ќе биде дел од нова и поскапа претплата, односно нема да биде додаден на постојната Premium претплата.
Новата претплата наводно внатре во компанијата се нарекува Superpremium, но ќе видиме како официјално ќе биде наречена кога ќе биде официјално пуштена.
Причината поради која од компанијата не се брзаат во пуштањето на HiFi квалитетот најверојатно е поврзан со фактот дека повеќето корисници нема да можат да ја забележат разликата во квалитетот. Највисокиот квалитет во главно може да се слуша со посебни слушалки кои се поврзани со кабел, а останатите кои може сепак да се слушаат и преку Bluetooth, ретко кој може да го забележи, а посебно со поевтини слушалки.
Со оглед на бројот на корисници кој ги има Spotify, додавањето на HiFi нема значително да ја промени ситуацијата, додека останатите сервиси кои се обидуваат да ги привлечат корисниците, на овој начин имаат што да понудат.