Фото: Shutterstock.com

YouTube започна со тестирање, иако не е нешто што е официјално објавено на страната од сервисот за вакви тестови, со ново копче кое треба да им помогне на корисниците во изборот од огромниот број на видео содржина.

Копчето се појавува заедно со цело известување, односно картичка која „прашува“ дали корисникот не знае што да гледа. Копчето е означено како „Play something“, а неговото притискање пушта видео по случаен избор.

Иако овој тест не е официјално најавен од YouTube, доста нови функции на сервисот прво се откриени на ваков начин, по што официјално се пуштаат.

Една ваква функција е одлична за време кога бројот на достапни видеа е огромен, па не е ретко да се случи да не знаеме што би сакале да гледаме. Пуштањето на видео по случаен избор може да ни открие нешто ново интересно за гледање.

Засега не е познато дали видеата се пуштаат според историјата на гледање или тие се целосно по случаен избор, што значи дека корисникот ќе може да открие и видеа кои не би биле предложени од алгоритамот.

Видеата кои се пуштаат ги вклучуваат и „shorts“ видеата, односно познатите „TikTok“ стил видеа.

Вакво копче тестираше и додаде Netflix, па јасно е дека во денешно време со огромниот избор на содржина, изборот е повеќе отежнат во споредба со порано.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНовиот MediaTek Dimensity 9300 е тука да покаже моќ со процесор без штедливи јадра
Следна статијаApple нема да претстави нова верзија од 27 инчниот iMac со нивниот М чип
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.