Фото: Shutterstock.com

YouTube во месеците што следат, постепено ќе направи промена на почетната страна за корисниците кои не сакаат да ја остават нивната историја на гледање вклучена. Наместо листа со видеа, корисниците ќе гледаат празен простор, на кого ќе стои известување за зошто е страната празна.

Околу делот со видеа, страната ќе остане иста, односно остануваат лентата за пребарување и лентата на левата страна, а од компанијата дури ова го нарекуваат подобрување на искуството за корисниците кои само сакаат да пребараат што да гледаат.

За да нема ништо на почетната страна, покрај исклучувањето на историјата, корисникот треба да нема доволно историја од претходно или да ја има избришано, па алгоритамот на Google да нема врз основа на што да ги направи предлозите за гледање.

Како што знаете, главната страна на YouTube е пополнета со видеа кои алгоритамот смета дека ќе сакате да ги гледате, врз основа на тоа што го имате гледано претходно, како и со видеа од каналите кои ги следите.

Не е јасно зошто наместо празна страна, почетната страна за корисниците кои ја исклучуваат историјата, не им бидат прикажани само најновите видеа од каналите кои ги следат.

Се добива впечаток дека Google сака да ги натера корисниците да не ја исклучуваат историјата на гледање, нешто што често се поврзува и со нивната приватност.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаThreads ја доби првата функција која води кон најавената поврзаност со ActivityPub протоколот
Следна статијаNetflix Game Controller апликацијата за iOS ја најавува можноста за играње на игри преку телевизорите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.