Една од предностите на YouTube Premium претплатата е можноста за тестирање на нови функции пред останатите корисници. Дел од овие функции стануваат подоцна официјално достапни, но тоа не е случајот баш со сите.
Најновата тест функција која им е достапна на овие корисници, иако изгледа не на сите, е можноста за заклучување на екранот додека се гледа некое видео. Ова треба да ги спречи несаканите допири и притискања на екранот додека се гледа видеото и негово исклучување, тргање или „премотување“ на друг дел.

Вакво нешто веќе имаат некои од другите слични апликации, како Netflix на пример, но прашање е дали кај YouTube би била до толку потребна.
За разлика од Netflix, каде најчесто целосно се гледаат од почеток до крај филмовите и сериите, на YouTube е нормално да видеото се гледа на делови.
Како и да е, од YouTube ја тестираат оваа функција, па доколку ја пуштат за сите, корисниците на кои им е потребна ќе добијат подобро корисничко искуство на оваа платформа.