Screenshot 2014-07-08 10.23.01

Наредниот, односно наредните модели на iPhone се очекува да бидат претставени во Септември оваа година, а шпекулации и неофицијални информации може да се најдат премногу. Ако се следат информациите може да се каже дека големи се шансите наредниот модел да биде со поголем екран, нешто што е доста популарно кај Android уредите. Според достапните информации, доколку повторно бидат претставени два модели, појакиот модел ќе има уште поголем екран кој што треба да биде 5,5 инчи, додека за помалиот се верува дека ќе вклучува 4,7 инчен екран.

Меѓутоа како што тоа го прават отсекогаш, од Apple не само што нема да потврдат ниту една од овие информации, тие нема да дадат никаква дополнителна информација како што тоа некогаш го прават некои од другите компании, па останува да видиме што е тоа на кое што работат на денот на официјалното претставување.

До тогаш ни остануваат информациите кои што излегуваат секојдневно да го направат чекањето поинтересно. Една од поинтересните информации кои што дефинитивно оставаат впечаток дека се вистинити доаѓа од Marques Brownlee, сопственик на познат YouTube канал на кој што може да се видат голем број од популарните уреди. Тој во видео прикажува преден панел за екранот за кој што тврди дека е панелот кој што ќе се користи во 4,7 инчниот модел од iPhone 6. Во видеото тој иако го нема тоа како информација, кажува дека панелот е направен од сафир, што се смета за уште поиздржлив и флексибилен од материјалот кој што се користи во Gorilla Glass панелите. За да го покаже квалитетот и издржливоста на панелот, тој се обидува да го оштети користејќи нож и клучеви, како и да го искрши со виткање.

Што мислите вие, дали ова навистина е панелот кој што ќе се користи во наредниот iPhone ?

Извор: VentureBeat

Претходна статијаМобилните уреди ќе мора да бидат наполнети за летовите кон Америка
Следна статијаIntel, Samsung и други компании формираа група за стандардизирање на Internet of Things
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.