windows-10-continuum-590x330

Веќе сигурно знаете за Continuum опцијата кај новите телефони со Windows 10 Mobile, односно можноста да го користите како десктоп компјутер кога ќе го приклучите на поголем монитор. Но, за да можете да го направите тоа, ќе ви треба специјален дел со кој ќе се поврзете, како и тастатура и маус за да можете да работите, а Acer сите овие ќе ги вклучи во пакувањето на својот нов Windows 10 паметен телефон.

Да, во кутијата во која ќе го купите мобилниот, ќе можете да најдете дополнителни тастатура и маус од Acer, истите кои се испорачуваат со нивните десктоп машини од Aspire серијата. Со дополнителниот “Continuum Dock”, кој исто така доаѓа во пакувањето, ќе може да се поврзете на секој монитор што има HDMI влез, па телефонот уште во старт ќе можете да го користите како компјутер.

acer-jade-primo-windows-10-continnum

Со ова, не само што ќе имате нов, моќен паметен телефон, туку ќе можете конечно да го тргнете од масата стариот десктоп компјутер кој само фаќа прашина и да го замените со поелегантно решение. Единствено ќе ви треба некој понов LCD монитор, кои денес веќе имаат и цени пониски од 100 евра за големини од околу 19-20 инчи.

Самиот телефон има високи перформанси и е опремен со 5,5 инчен дисплеј со Full HD резолуција, Snapdragon 808 процесор, 3 GB рам меморија и 32 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка. Телефонот има и кемера од 21 мегапиксел, како и USB Type-C порта, која ќе ги овозможи високите брзини на трансфер за да може да работите со него на поголем дисплеј и со сите додатоци.

Засега, само уште новите модели на Microsoft, Lumia 950 и Lumia 950 XL, ја поддржуваат Continuum функцијата, но очекуваме многу поголема адаптација од другите производители наредната година.

Извор: Geek, ZDNet

Претходна статијаMicrosoft почна автоматски да го инсталира Windows 10, па рече дека е по грешка
Следна статијаOne A9 е нов телефон од HTC, кој неодоливо потсетува на iPhone