Фото: Shutterstock.com

Без разлика на напредокот во брзината на сензорите за отпечатоци под екранот, секој кој има користено iPhone или друг телефон со сличен систем на Face ID, сигурно ќе се сложи дека не може да се направи споредба. Брзината и практичноста на Face ID едноставно е незаменлива.

Сепак, во главно поради корона кризата со која дојде обврската за носење на маски, повторно почна да се разговара за враќање на Touch ID кај iPhone, а според познатиот Минг-Чи Куо, тоа сепак би се случило со моделите од 2023 или 2024 година, иако тогаш веќе нема да има потреба од маски, барем се надеваме.

Куо сега излезе со информација дека неговото претходно предвидување веќе не е точно, односно плановите на компанијата се имаат променето и сега веќе се верува дека Apple нема да претстави iPhone со Touch ID.

Како главна причина за ова Куо ја истакнува новината која дојде со iOS 15.4, верзија од оперативниот систем која овозможи користење на Face ID додека се носи маска. Во основа системот повеќе го скенира делот од лицето кој се гледа, односно околу очите, а корисниците кои имаат Apple Watch и претходно можеа да го отклучат својот телефон со Face ID.

Доколку се земат други неофицијални информации во предвид, кои укажуваат на тоа дека Apple соработува со Samsung за поставување на Face ID сензорите под екранот, може да се каже дека и нема потреба од Touch ID.

ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаОдбележување на светскиот ден на свесноста за аутизмот
Следна статијаПремиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.