tim-cook-keynote

Од минатата година, Apple започна со претставување на два модели од својот познат iPhone, нешто што се очекува да продолжи да го прави и во иднина. Она што се очекува од компанијата овој пат е и „конечно“ претставување на модели со поголеми екрани од моменталните 4 инчи на 5s и 5c моделите. Модели со поголеми екрани се веќе одамна популарни кај конкурентите од Android, а трендовите покажуваат дека нивната популарност ќе се зголемува. Поради ова веќе одреден период се шпекулира дека наредните модели од iPhone ќе вклучуваат поголеми, односно екрани со големина од 4,7 и 5,5 инчи.

Настанот на кој што би требало да бидат претставени новите модели од iPhone, се’ уште не е официјално закажан, па и за тоа се шпекулира веќе одреден период. Обично Apple овие настани ги одржува на есен, па се очекува тоа да биде некаде во Септември или Октомври. Сепак најновите информации кои што доаѓаат од анонимни извори кои што треба да се запознаени со случувањата, говорат дека настанот е закажан за 9-ти Септември.

Покрај поголемите екрани, новите модели ќе ја вклучуваат и најновата верзија од оперативниот систем, односно iOS 8, која што моментално е во бета. Исто така треба да биде претставен наредниот процесор кој што ќе се користи во појакиот модел, односно A8.

Која и да е датата на која што ќе се одржи настанот, чекањето е при крај со оглед на тоа што Септември не е толку далеку. Дали сакате Apple да се приклучи на трендот на претставување на телефони со поголеми екрани ?

Извор: Mashable, Re/Code, WSJ

Претходна статијаGoogle Now Launcher достапен за сите Android уреди
Следна статијаGmail почна да работи со пораки кои имаат не-латински карактери во адресата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.