ipad-air-ios

Дека од Apple работат на нов и различен модел на iPad од тие што моментално се достапни можеше да се прочита неколку пати до сега. Оваа година исто така од компанијата забележуваат намалена побарувачка на овие популарни таблет компјутери, што според аналитичарите се должи на немањето на нов и различен модел, како и зголемување на популарноста на Android таблет компјутерите и мобилните телефони со поголем екран.

Од извори кои што се блиски до Bloomberg оваа недела доаѓа информацијата дека Apple веќе подолг период работи на развојот на iPad со поголем екран. Според нив, кои наводно се некои од производителите на опрема за Apple, ќе започнат со производство на iPad со големина на екран од 12,9 инчи, некаде на почетокот од идната година. Се разбира секогаш кога се работи за анонимни и неофицијални извори, информацијата не треба да се земе како сигурна и точна, меѓутоа не ретко ваквите информации се покажуваат како точни.

Со претставувањето на поголем iPad се очекува Apple да добие поголема побарувачка од бизнис корисниците, за кои што се смета дека ги користат уредите со поголеми екрани. Исто така, Microsoft реши својот најнов модел на Surface да биде од поголемата категорија, наместо некој од помалите уреди кои што постепено се заменувани од страна на phablet мобилните телефони. Ова укажува на трендот на претставување на поголеми уреди кои често се наменети во основа за бизнис корисниците.

Извор: Mashable, Bloomberg

Претходна статија64-битната верзија од Google Chrome достапна за сите корисници
Следна статијаDropbox ги намали Pro пакетите на еден кој што вклучува 1TB за 9,99 долари месечно
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.