iPhone 12 оваа година поради корона кризата ќе биде претставен нешто покасно од тоа што беше стандардно изминатите години за претходните модели. Овој месец, наместо iPhone 12, Apple ги претстави Apple Watch Series 6, поевтиниот Apple Watch SE, како и два нови iPad модели.
Сепак, според најавите, iPhone 12 нема да го чекаме многу, па Apple би требало да го одржи својот настан во неделите што следат.
Се очекува претставување на четири различни модели, а сега ги имаме и нивните имиња, доколку се верува на информацијата од „L0vetodream“ кој ги објави на Twitter.
Според овој Twitter корисник, iPhone 12 ќе ги има следните имиња:
- iPhone 12 mini
- iPhone 12
- iPhone 12 Pro
- iPhone 12 Pro Max
Соодветно, овие четири модели треба да дојдат со големина на екранот од 5,4, 6,1, 6,1 и 6,7 инчи.
iPhone 12 mini ќе биде доста помал од тоа што сме навикнати во денешно време, па најверојатно Apple сака да им понуди избор на корисниците кои сметаат дека поранешната големина на iPhone беше најдобра, а и најверојатно цената ќе биде доволно пониска за да биде привлечна за одредени корисници на кои нема да им прави разлика големината.