6a0120a5580826970c01bb08c0f549970d

Samsung и LG можеби се пионерите кога се во прашање смартфоните со заоблен екран, но Apple би можел наскоро да го возврати ударот со флексибилен iPhone – тие веќе имаат поднесено и патент за тоа.

Во патентот може да се види дека Apple има идеја за целосно свитлив уред, а не само за OLED дисплеј. Сепак, за да се овозможи ова, ќе треба да може да се произведат еластични внатрешни компоненти, како на пример матичната плоча и чиповите, батеријата итн.

Веројатно сме далеку од ваквите внатрешни компоненти – сеуште никој нема најавено напредок на тоа поле, но како и да е, ваков уред кој ќе може да се витка по потребите на корисникот делува навистина интересно. Исто така, еластичноста ќе придонесе и за зголемена издржливост, бидејќи телефонот скоро и да нема да може да се скрши при паѓање или поголеми виткања.

flexible-oled-display

Сепак, главна предност на овие уреди е што ќе може да заменат повеќе други уреди. На пример, со виткање на дисплејот околу раката на корисникот, тој може да се претвори во еден вид на паметен часовник. Технологијата секако може да се прошири и кај iPad таблетите, кои би можеле да се виткаат со цел да се претворат во евентуален лаптоп, односно во „ролна“ како вистински весник од хартија.

Во моментов сепак само LG има направено поголем чекор напред во ваквата технологија – тие на CES претставија голем дисплеј кој целосно може да се свитка, како да е од хартија, но тоа е сеуште само прототип.

Извор: TechnoBuffalo, BGR, Forbes

Претходна статијаVivo X Play 5 Elite е првиот смартфон во светот со масивни 6 GB рам меморија
Следна статијаПат до Марс за неколку дена со нова технологија