iphone6-stock-photo

Новиот модел на iPhone можеби нема да донесе многу промени, но без разлика на тоа, Apple очекува да продаде околу 90 милиони уреди до Нова Година, што е многу повеќе од било кој друг конкурент на пазарот на смартфони.

Информацијата доаѓа од CNBC и нивниот твитер профил, односно од протечени информации од производителите на делови за телефонот. Инаку, новиот iPhone 6S и неговата поголема верзија 6S Plus, треба да бидат претставен во Септември годинава. Интересно, тогаш треба да биде претставен и новиот Samsung Galaxy Note 5, што ги прави овие очекувања уште поимпресивни.

Минатата година, во истиот период, односно во последниот квартал од годината, Apple продаде 74,5 милиони iPhone-и, додека преминатата година продаде 61 милиони. Добрите резултати беа пред се благодарение на лансирањето на првите iPhone-и со вистински големи димензии, но и лансирањето на два модели, наменети за различни групи на купувачи.

Според претходни информации, производството на iPhone е веќе почнато, што е логично, бидејќи моделот мора да биде спремен за лансирањето и редиците пред продавниците на Apple.

Најголемиот новитет во новиот iPhone инаку ќе биде Force Touch екранот, кој ќе му овозможи на корисникот чувство дека притиска на вистинско копче, а ќе може и да препознае различни нивоа на притисок. Покрај тоа, подобрувања ќе има и во камерата (12 мегапиксели), а ќе се вградува и помоќен процесор.

Извор: Venture Beat, Mac Rumors

Претходна статијаЗа прв пат демонстрирано создавање на молекули со помош на ласер
Следна статијаIBM направи чип со транзистори од 7 nm!