Официјалната продавница на Google престанува да го продава ASUS Nexus 7 после 2 години на пазарот. Оваа одлука е донесена од две причини: таблетот е стар веќе 2 години и треба да се отстапи место на HTC Nexus 9.
Иако Nexus 9 е поголем таблет од ASUS Nexus 7, паметниот телефон Nexus 6 е само еден инч помал од Nexus 7, а нуди многу подобри перформанси. Така продажбите на ASUS Nexus 7 драстично опаѓаат бидејќи просторот за 7-инчни уреди полека паѓа на паметните телефони наместо на таблетите.
Со тоа што сè уште нема вести дека има нова замена за Nexus 7 од 2013, добри се шансите дека нема ни да има. Се повеќе производители ги зголемуваат големините на дисплеите на уредите, па може да се очекува за некое време 6-7 инчи да биде релативно нормална големина за просечен телефон.
ASUS Nexus 7 ќе биде сè уште достапен кај препродавачи кои сè уште го имаат уредот на залиха, иако официјалната продавница на Google нема да го продава повеќе. Тоа значи дека доколку имате фрлено око на Nexus 7 би било паметно да побрзате со купување бидејќи за кратко време ќе го нема никаде, барем не на ново.
Извор: GSMArena