dtek60-2

Канадскиот производител повторно лансира Android телефон, овој пат најмоќниот во нивната понуда и повторно уредот се базира на Alcatel Idol 4S, поточно е скоро истиот телефон, само со различен софтвер. Сепак, главниот адут на Blackberry е токму софтверот, односно сајбер заштитата која ја вградува во него.

Токму длабокото ниво на заштита во Android Marshmallow 6.0.1 вградено во овој телефон треба да ги привлече бизнис купувачите. Уредот има FIPS 140-2 хардверска енкрипција на сите датотеки, Secure Boot и Android for Work направен во соработка со Google. Според тоа, ова е веројатно е најбезбедниот достапен Android телефон за бизнисите, бидејќи има цена од 579 евра во Европа, која е прилично достапна за толку моќен и безбеден уред.

dtek60-1

А дека е моќен доволно е да се види листата на спецификации – процесорот е Snapdragon 820 помогнат од 4 GB рам и 32 GB простор (има слот за micro SD картичка), 5,5 инчен дисплеј со Quad HD резолуција и батерија од 3.000 mAh. DTEK60 има и прилично импресивни камери, барем на хартија – задната има 21 мегапиксели, додека предната има 8 мегапиксели. Секако, телефонот доаѓа и со вграден сензор за отпечатоци на прстите, што е и очекувано во телефон насочен кон сајбер безбедност.

Со цел да привлече што повеќе купувачи, Blackberry ќе нуди и Qualcomm 3.0 ултра брз полнач во пакувањето на телефонот, како и посебна футрола. Иако делува примамливо, не сум сигурен дека ова ќе биде доволно за да се привлече приватниот купувач, но и покрај тоа, Blackberry иднината сега ја гледа исклучиво кај бизнис корисниците.

Извор: Android Central, Techno Buffalo, Engadget

Претходна статијаMi VR е новиот уред за виртуелна реалност на Xiaomi
Следна статијаXiaomi Mi Mix е најимпресивниот смартфон лансиран годинава