blackphone

После излегувањето на информации за нивото на следење на паметната технологија од страна на властите, во повеќето примери американската агенција за безбедност (NSA), се зголеми претпазливоста и револтот кај луѓето. Се разбира дека после вакво нешто се очекува појавување на различни производи кои што нудат поголема приватност, односно заштита од набљудувачките активности на владите.

Blackphone претставува телефон за кој што неговите производители тврдат дека ќе понуди високо ниво на приватност во комуникацијата. Направен е во соработка на две компании, како заедничко вложување, Geeksphone производител на паметни телефони и провајдерот на енкриптирана комуникациска технологија Silent Circle. Како што изјавуваат овие компании, Blackphone е првиот паметен телефон кој што ја става приватноста и контролата на корисникот над се друго, над операторите и рекламите.

Blackphone работи на PrivatOS, оперативен систем направен на основа на Android. Повеќе информации за телефонот нема и нема да има до неговото официјалното претставување  на MWC (Mobile World Congress) настанот што ќе се одржи идниот месец во Барселона. Тоа што е познато е дека треба да работи на хардвер со високи перформанси, како и акцентот на безбедната комуникацијата. Телефонот нема да биде зависен од операторите или производителите, односно ќе биде отклучен и ќе може да работи на било кој оператор во светот. Преку него ќе може да се прават безбедни телефонски повици, да се разменуваат безбедни пораки, да се чуваат фајлови, да се прават видео повици, да се сурфа приватно, преку користење на VPN, односно виртуелни приватни мрежи.

Точно каква технологија ќе користи овој телефон и дали навистина ќе претставува заштита од денешните закани за приватноста на корисниците, ќе видиме после неговото официјално преставување.

Претходна статијаSamsung ја прошири својата понуда со Galaxy Tab Pro и Note Pro таблетите
Следна статијаНова можност за означување на Google контактите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.