Според аналитичката компанија Canalys, првпат после 9 години друга компанија покрај Samsung и Apple го има првото место на пазарот на смартфони. Со продадени 55,8 милиони уреди, Huawei го презема првото место кое долго време го држеше Samsung, со раст на продажбата во споредба со втората четвртина од 2019 од 5%.

Причината поради која Huawei успева да го преземе првото место од Samsung се должи на падот на продажбите на оваа компанија за дури 30% во споредба со втората четвртина минатата година. Со тоа, Samsung во април, мај и јуни оваа година има продадено 53,7 милиони уреди со што паѓа на второто место.

Сепак, поради проблемите кои ги има Huawei со властите во САД, успехот во главно се должи на зголемената продажба на кинескиот пазар од 8%, со што оваа компанија 70% од своите продажби ги прави во својата земја.

Промената на местата на пазарот на смартфони е интересни да се види дали ќе остане подолго време или се работи само за краткорочна промена поради коронавирусот.

Samsung идната среда ќе го одржи својот Unpacked настан на кој ќе ги претстави своите Note20 уреди, како и дополнителни 4 уреди како паметен часовник, слушалки, таблет и втората генерација од Galaxy Fold.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Canalys
Претходна статијаGoogle повторно со обид Samsung да се откаже од Bixby и Galaxy Store
Следна статијаФејсбук го објави започнувањето на Програмата за проверка на факти од трети страни во Македонија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.