OnePlus е една од познатите кинески брендови кој вади мал број на уреди во текот на годината, а има верна група на фанови и редовни купувачи. Нивните телефони се од високата класа, секогаш нудат нешто посебно што ги издвојува, а цената сепак не влегува во категоријата на најпродаваните и скапи телефони од конкуренцијата.

Сепак, цената на OnePlus не може да се каже дека е ниска, а посебно на најновите OnePlus 8 и OnePlus 8 Pro која се движи околу 900 долари.

Неофицијалните информации најавуваат дека OnePlus може да ја прошири својата понуда и да влезе на пазарот од средната класа, со тоа нудејќи им на корисниците уште поевтин уред. Овој нов уред наводно ќе работи на Snapdragon 765, ќе има 6,55 инчен екран со стапка на освежување од 90 херци, што е одлично, како и три камери на задната страна и батерија со капацитет од 4.300 mAh.

Дека нешто се спрема од оваа компанија може да се види и од објавата на директорот и основач на OnePlus, Пит Лау, кој објави „твит“ преку кој прашува, „Кој е спремен за нешто ново од OnePlus?“.

Тој исто така го додава „хаштагот“ нови почетоци, а ко-основачот на компанијата се приклучува со коментар дека „време е за повторно нишање на бродот“.

Што ќе биде претставено останува да видиме во периодот што следи, а со оглед дека се работи за OnePlus, сигурно ќе биде нешто што ќе привлече доволно внимание.

ИЗВОРPhoneDog
Претходна статијаwatchOS 7 донесува подобрувања кај Apple Watch меѓу кои следење на спиењето и автоматско мерење на миењето раце
Следна статијаmacOS Big Sur е новата верзија од macOS оперативнот систем и донесува подобрувања во дизајнот, функциите и Safari прелистувачот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.