Shutterstock.com

Производите од Apple отсекогаш важеле за прилично скапи, а тоа го покажуваат и истражувањата кои покажуваат дека компанијата ги има едни од наголемите маржи на пазарот.

Сепак, со тек на време овие цени почнаа да ги следат и другите производители, барем на пазарот на мобилни, па iPhone веќе не е најскапиот телефон на пазарот, а доколку најновите неофицијални информации се покажат како точни, овие телефони ќе им станат подостапни на корисниците.

За разлика од iPhone 11, iPhone 12 се очекува да дојде во 4 верзии, односно двете досегашни Pro верзии, како и една додатна „обична“ со што се добиваат 2 верзии од нешто „пониската“ класа.

Според аналитичарот Џон Просер, iPhone 12 ќе дојде со следните цени:

  • iPhone 12 со 5,4 инчен екран и две камери на задната страна – 649 долари
  • iPhone 12 со 6,1 инчен екран и две камери на задната страна – 749 долари
  • iPhone 12 Pro со 6,1 инчен екран и три камери на задната страна – 999 долари
  • iPhone 12 Pro Max со 6,7 инчен екран и три камери на задната страна + LiDAR сензор – 1.099 долари

Ова се секако доста високи цени, сепак се работи за највисоката класа на мобилни, па не може да се очекува многу поголемо намалување.

За споредба, iPhone 11 се продава по цена од 699 долари, што значи дека оваа година ќе може да се купи iPhone 12 за 50 долари помалку, додека моделот со иста големина на екранот како ланскиот ќе се продава за 50 долари повеќе.

ИЗВОРTom's Guide
Претходна статијаMicrosoft Word ќе го означува како грешка дуплиот простор после крајот на речениците
Следна статијаНова, бесплатна и иновативна СКМ ВИРТУЕЛНА ТРКА – Трка за забава
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.