Oppo, кои веќе од минатата година и официјално функционира заедно со OnePlus, се спрема да го претстави својот прв модел од највисоката класа за оваа година. Неофицијалните извори на информации се тука за да ни дадат и повеќе од претстава што може да очекуваме, па од тоа што може да се прочита, Oppo спрема телефон кој ќе конкурира со најдобрите на пазарот.

Oppo Find X5 Pro е името кое се најавува, иако тоа уште не е потврдено од компанија. Без разлика на името, телефонот во себе ќе го има Snapdragon 8 Gen 1 со 12GB RAM и 256GB простор за податоци. Како графички процесор се најавува Adreno 730, а ги чекаме и првите тестирања да видиме како ќе се покаже овој процесор во споредба со Xclipse процесорот од Samsung кој е направен на основа на RDNA 2 архитектурата од AMD.

Екранот на Find X5 Pro треба да биде со големина од 6,7 инчи, направен во AMOLED технологијата со резолуција од 3216 на 1440 пиксели и стапка на освежување од 120 херци, нешто што веќе е стандардно кај телефоните од високата класа, па само останува да се види дали е со LPTO технологијата.

Достапни треба да бидат три камери, односно главна со 50 мегапиксели, широкоаголна исто така со 50 мегапиксели и „телефото“ камера со 13 мегапиксели. На предната страна се најавува камера со 32 мегапиксели.

Батеријата кај Oppo Find X5 Pro изгледа ќе има капацитет од 5.000 mAh и ќе може да се полни со брз полнач од 80W.

Според информациите, овој телефон ќе се продава по цена од најмалку 1.200 евра, што е во рамките со конкуренцијата со истите карактеристики.

Сликите и информациите доаѓаат од познатите во вакви ситуации, WinFuture.de.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаСтуденти од Финки и Економски факултет – Скопје развија веб екстензија за бесплатна проверка на е-продавници
Следна статијаGoogle Chrome има ново лого, но ретко кој ќе ги забележи дискрените промени
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.