The-Fairphone-2-Assembled_2

Нешто што Project Ara на Google ни го најавуваше подолго време, го оствари сосема друг производител. Имено, Fairphone 2 е меѓу првите светски модуларни телефони, односно, ќе биде составен целосно од делови кои ќе може да ги смени самиот корисник, како дисплејот, процесорот итн.

Но, покрај тоа, Fairphone 2 има и други работи по кои е единствен. Повеќето од минералите од кои е направен и кои содржат злато, бакар, волфрам итн. се набавени од земји каде се почитуваат правата на работниците и каде се работи во нормални услови.

Многумина не знаат, но во многу земји низ светот ископувањето на минералите се врши во многу лоши услови, а не ретко има и жртви (на пример Демократска Република Конго), а потоа парите се користат за спонзорирање на милитантни групи, кои често одземаат и невини човечки животи.

int-phone-page_0001_2-conflict-free-tt

Згора на тоа, голем дел од профитот, Fairphone ќе го вложува за рециклирање на електронскиот отпад во Кина… И самото име на телефонот значи дека се работи за „фин, добар телефон“. Вакво нешто дефинитивно не сме виделе досега!

Да се вратиме на модуларните можности на Fairphone 2. Телефонот е така дизајниран за да може секој корисник, без поголемо знаење за електроника, да може да ја смени буквално секоја компонента во телефонот, од екранот, преку процесорот, до камерата. На пример, екранот може да се отстрани само со одвртување на две завртки.

Ова не само што ќе овозможи во иднина да го замените 5,1 инчниот екран со Full HD резолуција со некој подобар, односно Snapdragon 801 процесорот со некој помоќен, туку значи и дека самиот телефон ќе ви трае подолго. Бидејќи менувањето на дисплејот е толку лесно, доколку ви падне телефонот и истиот испука, ќе можете да го смените со многу помали трошоци.

Screen-Shot-2015-06-16-at-10.13.09-AM

Fairphone ќе има и специјално упатство за како да го направите тоа. Всушност, производителот не само што ќе даде упатство, туку и гледа позитивно на тоа и ги охрабрува „да си играат со својот телефон“.

Вториот телефон на Fairphone ќе биде модуларен и во поглед на оперативните системи, односно ќе биде лесно да се инсталира некој друг доколку е потребно, како на пример да се префрлите од Android на Windows 10 Mobile.

Цената на телефонот изнесува 525 евра и истиот ќе биде достапен во Европа во Октомври годинава. Сепак, тешко е да се очекува да биде достапен и кај нас, што значи дека заинтересираните ќе морат да го набават од странство.

Извор: The Next Web, Engadget

Претходна статијаRange Rover Sport контролиран од мобилна апликација
Следна статијаНаучниците поставија нов рекорд во ниска температура – милион пати пониска од вселенскиот вакуум