Наскоро Nokia треба вистински да се врати на смартфон сцената со смартфон од високата класа, кој ќе ја носи нумеричката ознака “8” и кој иако дизајнерски нема да биде на нивото на Galaxy S8, ќе има вистински моќни спецификации и се надеваме супер квалитетна изработка како послабиот Nokia 6.

Според она што можеме да го видиме на фотографиите, Nokia 8 ќе има дисплеј со големина од околу 5,3 инчи и густа Quad HD резолуција со 2560х1440 пиксели. Во внатрешноста нормално ќе биде вграден Snapdragon 835 процесорот, кој ќе биде помогнат од солидни 4 GB рам меморија и 64 GB простор, со можност за проширување преку micro SD картичка.

Камерите исто така ќе бидат еден од главните фокуси – задната ќе има Carl Zeiss леќа, што е најава за супер остри фотографии со висок контраст и длабоки бои.

Очекувајте и најнова верзија на Android – Nokia 8 ќе доаѓа со Android Nougat 7.1.1, со брза надградба на Android 8 кога ќе биде достапен, а благодарение на тоа што оперативниот систем нема да има многу промени во однос на оној кој го има замислено Google.

На прв поглед, единствено дизајнот разочарува – напред телефонот има прилично голема рамка околу дисплејот, барем за денешни стандарди, но факт е и дека многу други смартфони од високата класа и натаму имаат голема рамка, како на пример OnePlus 5 и HTC U11.

Како и да е, телефонот ќе биде изработен од алуминиум и скоро сигурно може да очекуваме цврста изработка и висока отпорност.

Извор: T3, Trusted Reviews, GSMArena

Претходна статијаLenovo K8 Note има процесор со 10 јадра и чини само 200 долари
Следна статијаПроверете дали вашите лозинки некогаш биле дел од пробиени сервиси