Ова што го пишува во насловот погоре е многу нејасно – зошто Samsung би релансирал стар телефон кој имаше фијаско на пазарот еден месец пред да биде лансиран новиот Galaxy Note 8 модел? Според нив поради фановите на брендот, но само доколку цената биде ниска – најавено е дека преобразените верзии ќе чинат околу 600 долари на корејскиот пазар.

Galaxy Note 7 “Fandom Edition”ќе биде подеднакво ист телефон како оригиналниот Note 7, со таа разлика што батеријата ќе биде помала. Во принцип, се работи за рециклиран модел, односно популарно наречен “refurbished”. Според тоа, очекувајте подеднакво исти перформанси како на претходникот, иста фабричка гаранција, но и малку пократко траење на батеријата. Секако, овој модел скоро со сигурност не би требало да експлодира во користење.

Според најавите, Samsung спрема само 400.000 примероци на Galaxy Note 7 “Fandom Edition” , што значи дека серијата ќе биде мала и навистина ќе биде наменета за оние кои навистина го посакуваат овој модел. Поради ова, но и бидејќи се работи за телефон со неуспешна, но дефинитивно интересна историја, очекувајте и во иднина да задржи повеќе цена од другите смартфони и да биде парче кое ќе го собираат колекционерите.

Засега сѐ уште нема дефинитивни информации дали Galaxy Note 7 “Fandom Edition” ќе биде лансиран на нашиот пазар, но јас не би се надевал на тоа, особено што ќе има премногу малку примероци за да можат и нашите купувачи да грабнат некој модел. Секако, секогаш постои и опција за порачка од интернет.

Извор: Phone Dog, The Next Web, The Verge

Претходна статијаVivo прв со смартфон со скенер за отпечатоци вграден под дисплејот
Следна статијаWindows 10 Insider корисниците добија надградба со многу нови функционалности