По се изгледа дека претставувањето на новиот Galaxy Note 7 на Samsung нема да биде изненадување, бидејќи уште отсега знаеме скоро се за новиот таблет/телефон од високата класа. Во новото видео од Olixer, кои произведуваат заштитни стакла за паметните телефони и на кое ги тестираат “Edge” стаклата за новата 7-ка, можеме да потврдиме се што знаевме досега за моделот.
Прво, сега скоро со сигурност знаеме дека Galaxy Note 7 ќе се испорачува само како Edge модел (потврдено од Evan Blass), со дисплеј кој е закривен на страните. Всушност, ова најавува дека сите модели на Samsung од високата класа, а веројатно и во пониските класи во иднина, ќе бидат опремени со Edge дисплеј. Причината е едноставна – ваквиот дизајн особено многу им се допаѓа на купувачите. На протечените фотографии пак може да се види и новата корално сина боја, која изгледа особено свежо покрај веќе стандардните сребрена и златна.
Спецификациите се инаку веќе објавени – Snapdragon 821 процесор помогнат од 6 GB рам меморија, 64 GB простор со можност за проширување преку micro SD картичка и Super AMOLED дисплеј со големина од 5,7 инчи и Quad HD резолуција.
Напред ќе бидат вградени сензори за читање на отпечатоци на прстите (во Home копчето) и за препознавање на ирисот на окото, што е пионерски потег во Android сегментот, додека камерите се исти како кај Galaxy S7 – 12 мегапиксели назад и 5 мегапиксели напред.
Galaxy Note 7 ќе биде отпорен на вода и прашина, исто како S7-ката. Секако, достапно ќе биде и електронско пенкалце, кое ќе може да се смести во самиот телефон, додека полнењето ќе се одвива преку USB Type-C приклучок.
Извор: Techno Buffalo, Android Authority, CNET