Не е првпат да прочитаме ваква неофицијална информација, која досега се нема остварено, но еве повторно. Според познатиот „шпекулант“ Ice universe, двата основни модели од наредната Galaxy генерација ќе дојдат со доста порамни страни од досегашните.

Според него, дизајнот на страничната рамка кај Galaxy S24 и Galaxy S24+ ќе биде слична со таа на iPhone, најпознатиот телефон кој користи рамни рамки, уште од iPhone 12 моделот, по неколку годишна „пауза“.

Тој дури објавува слики од телефонот Meizu 20 и го дава како пример како може да се очекува да изгледаат двата модели од Samsung.

Што се однесува до Galaxy S24 Ultra, модел од серијата која слободно може да се каже дека ја замени Note серијата, секогаш има поголеми разлики со останатите два модели.

За овој телефон се најавува дека можно е да дојде со титаниумска рамка, нешто кое се шпекулира и за iPhone 15 серијата која треба да биде претставена во наредните месец дена.

Galaxy S24 серијата има време додека биде претставена, односно тоа изминатите години се случува во јануари/февруари. За оваа серија повторно можеме да прочитаме дека можно е да дојде со Exynos чипот од Samsung, повторно во Европа или овој пат само во неколку помали пазари, ќе видиме.

ИЗВОР91mobiles
Претходна статијаGoogle Chrome ќе ги известува корисниците доколку користат малициозен додаток
Следна статијаApple изгледа конечно ќе донесе поголеми брзини на полнење со iPhone 15 серијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.