sgs5-ibc

Сигурно нема некој од вас кој што нема видено барем неколку од веќе големиот број на видеа во кои што познати личности од разни области се поливаат со кофа полна со ладна вода. Оваа кампања наречена Ice Bucket Challenge е направена со цел да се подигне свеста на луѓето во врска со Амиотрофична латерална склероза (АЛС) болеста. Кампањата, односно предизвикот како што е официјално наречена, вклучува објавување на снимки од познатите личности како си истураат кофа со ладна вода и притоа да предизвикаат додатни три личности да го направат истото. Можеше да се видат видеа од Satya Nadella, Tim Cook, George Bush, Bill Gates, Новак Џоковиќ и многу други.

Денеска Samsung претстави видео во кое што ја искористува популарноста на предизвикот и наместо некоја личност, вода е истурена врз нивниот најнов модел Galaxy S5. Се разбира се работи за анимација, односно реклама во која што се промовира водоотпорноста на нивниот модел. Во видеото Galaxy S5 ги предизвикува iPhone 5s, HTC One (M8) и Nokia Lumia 930 да го прифатат предизвикот.

Според одредени луѓе ова е невкусен начин на искористување на една ваква кампања за промовирање на сопствен производ. Други можеби ќе сметаат дека и ова е еден од начините за зголемување на свеста за болеста. Во продолжение можете да го погледнете видеото и самите да донесете заклучок за неговата содржина.

Претходна статијаФрагментираноста на Android системот и уредите е поголема од било кога
Следна статијаНеофицијални слики од новиот модел од Motorola
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.