Samsung во соработка со Marvel претстави посебна верзија од Galaxy S6 Edge наменета за фановите на познатите Avengers филмови. Во овој случај се работи за брендирање на телефонот во боите на Iron Man, еден од најпопуларните ликови.
Оваа посебна верзија од телефонот ќе доаѓа во ограничена количина и ќе биде достапна само во Кореа, Кина и Хонгконг, па фановите од остатокот од светот ќе мора да најдат друг начин доколку сакаат да дојдат до него.
Оваа Iron Man верзија од S6 Edge доаѓа во препознатливите бои на оклопот од филмовите. Па така, тој е црвен со златна боја на металните рамки. На задната страна е поставено лого со маската на Iron Man. Исто така, корисничкиот интерфејс доаѓа со посебна тема која што ги вклучува боите и другите интересни и карактеристични детали кои потсетуваат на филмот.
Во пакетот со телефонот доаѓа е безжичен полнач кој што е направен да наликува на малиот таканаречен Arc Reactor од кој што се напојува оклопот во филмовите.
Мали се шансите дека овој телефон ќе го видиме во нашата земја, меѓутоа интересно е да се види што се прават компаниите за да ја одржат и зголемат својата продажба во ова конкурентно време.
Извор: Samsung