Samsung пред неколку месеци само што го претстави Galaxy Note 8, сега веќе се припрема за новите смартфони од високата класа од “Galaxy S” серијата, кои ќе донесат неколку промени и подобрувања во однос на Galaxy S8 и S8+. Сепак, не очекувајте ништо спектакуларно – S9 и S9+ ќе бидат само освежување, односно ќе бидат затегнати ситните проблеми со оваа генерација.
Како најголем проблем нормално е позицијата на читачот за отпечатоци на прсти, кој кај актуелните модели е поставен до камерата, односно далеку од дофатат на показалецот кај оние со помала рака. Кај новите модели читачот ќе биде поставен под камерите, односно голема е веројатноста и камерите да бидат вертикално поставени. Кога сме кај нив, тие веројатно ќе бидат двојни, исто како кај Note 8.
Дисплеите најверојатно ќе останат исти, со големина од 5,8 и 6,2 инчи, со заоблени страни и многу мала рамка во долниот и горниот дел. Сепак, за разлика од актуелните модели, новите ќе се разликуваат и по внатрешните компоненти, односно по количината на рам меморијата – S9 ќе биде опремен со 4 GB рам и 64 GB простор, додека S9+ќе биде опремен со 6 GB рам и 64 GB простор. Процесорот и кај двата модели ќе биде Snapdragon 845 или Exynos 8895 со осум јадра.
За прв пат после подолго време, Galaxy S9 и S9+ најверојатно ќе бидат покажани на CES во Лас Вегас, кој се одржува на крајот од јануари, но продажбата веројатно ќе почне месец подоцна, кога Samsung ќе направи и официјална промоција. Цените се очекува да бидат слични на почетните цени на Galaxy S8 и S8+.
Извор: Venture Beat, The Verge, Independent