Фото: Shutterstock.com

За наредната iPhone серија, односно iPhone 16, се најавува дека ќе донесе мали измени во големината на екраните кај четирите модели. Ова неколку пати досега е достапно како гласина, а сега Сони Диксон има и слика со точните големини, наводно.

Од тоа што може да се види од сликата, промени ќе има кај Pro моделите, односно тие добиваат зголемување на екраните. iPhone 16 Pro наводно ќе има екран со големина од 6,3 инчи, што е за 0,2 повеќе од досегашните модели, додека iPhone 16 Pro Max ќе дојде со 6,9 инчен екран, исто така 0,2 повеќе од претходните неколку години.

„Обичните“ модели ја задржуваат својата досегашна големина, односно 6,1 и 6,7 инчи, колку што моментално имаат и iPhone 15 Pro моделите.

Доколку ова се покаже како точно, корисниците кои не сакаат поголеми телефони може да бидат до некаде оставени без избор, иако зголемувањето од 0,2 инчи не е драстично, а ќе видиме дали се добива нешто од аспект на корисничко искуство.

Apple наредната генерација од iPhone ќе ја претстави стандардно во септември, а оваа година можеби поголемо внимание ќе привлече iOS 18 и новите функции со вештачка интелигенција.

ИЗВОРApple Insider
Претходна статијаMicrosoft ќе почне да го користи Старт менито за рекламирање со воведување на препорачани апликации
Следна статијаЦЕФТА и Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан се здружуваат за да го зајакнат гласот на бизнис секторот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.