Наредната генерација од телефоните на преклоп од Samsung ќе бидат претставени до крајот на јули, овој пат на домашен терен во Сеул, Јужна Кореа. Еден од најпознатите модели на преклоп секако е Galaxy Z Flip, а оваа година ќе ја видиме неговата петта генерација.

За овој телефон веќе можевме да прочитаме дека ќе дојде со доста поголем надворешен екран, кој сега ќе ја покрие скоро целата половина на задната страна од телефонот. Со тоа, корисниците ќе можат да го користат телефонот и кога е затворен за повеќе од само гледање на неколку кратки информации.

Логично, се очекува дека Samsung ќе ги прилагоди своите апликации да можат да се користат од овој екран, па корисникот ќе може да ги користи за одредени функции без отворање на телефонот.

Тоа што сега доаѓа како информација е дека и Google се приклучува на ова прилагодување, па може да се очекува дел од нивните апликации да бидат посебно прилагодени за работа од надворешниот екран кај Galaxy Z Flip5.

Како пример за апликации кои се очекува да бидат прилагодени се Google Maps, Messages и YouTube, па корисниците ќе можат да ги користат овие апликации од овој помал екран, во споредба со главниот.

Со оглед на тоа што неофицијалните информации најчесто се покажуваат како точни, очекуваме дека и со оваа ќе биде така. Дополнително, има логика дека од Google ќе сакаат да ги имаат прилагодено апликациите за користење на можеби најпознатиот „флип“ смартфон на пазарот.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2SamMobile
Претходна статијаЕвропскиот институт за иновации и технологија отвори иновациски центар во Македонија
Следна статијаNothing Phone (2) ќе биде претставен на 11 јули
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.