Google започна со вградување на нивниот Tensor чип со претставувањето на Pixel 6 серијата со најава дека со тоа може да се очекува подобри перформанси и ефикасност. Тоа сепак не беше случајот, па и најновите верзии од чипот не можат баш да се носат со конкуренција, а посебно не со A серијата од Apple.
Според неофицијалните информации, Google не планира да ја остави оваа ситуација, па тие развиваат чип кој е целосно развиен од нивна страна. Моменталните Tensor чипови се делумно развиени од Google, односно тие се направени на основа на Exynos од Samsung, каде и се произведуваат.
Познато е изминатите години дека Samsung немаше баш најдобри оценки за нивните чипови, поради што и се префрлија ексклузивно на Snapdragon за годинешните Galaxy S23 уреди.
Google наводно го има одложено, па откажано развојот на еден од нивните чипови, кој требало да биде пуштен идната година. Сега планот е да целосно нов чип, кој ќе биде произведен со 3nm технологија во TSMC, биде пуштен во 2025 година со Pixel 10 серијата.
Во овој момент може да се каже дека нема конкуренција на производствениот процес на TSMC, па во комбинација со добар дизајн на чипот, гледаме што се случува на пазарот со чиповите од Apple.
Qualcomm минатата година мораше да го префрли производството на Snapdragon 8 Gen 1 од Samsung кај TSMC за Snapdragon 8+ Gen 1, нешто што доведе до прилично голема разлика во перформансите и ефикасноста.