htc-desire-626-hero

HTC оваа недела претстави четири нови модели наменети за американскиот пазар и корисниците кои што не сакаат да платат многу за појак телефон, но сепак сакаат да добијат добри перформанси, како што истакнуваат од компанијата.

Се работи за моделите HTC Desire 626, 626s, 526 и 520. Сите модели се од пониската класа и доаѓаат со во основа исти карактеристики, со мали разлики во некои од карактеристиките.

Заедничка карактеристика на четирите модели е нивниот чипсет, Qualcomm Snapdragon 210 кој што доаѓа со четири јадрен процесор кој работи на 1,1 GHz. Веќе нормално и за поевтините модели, сите модели доаѓаат со LTE можност.

HTC Desire 626 доаѓа со 5 инчен HD екран, 1,5 GB RAM меморија, како и 16 GB меморија за складирање со можност за проширување со дополнителна картичка. Телефонот вклучува и две камери од кои што предната има 8 мегапиксели, додека задната 5. Батеријата на 626-ката е со капацитет од 2.000 mAh.

Desire 626s е нешто послабиот модел од оваа серија и доаѓа со помалку RAM меморија, односно 1 GB, како и 8 GB меморија за складирање која што исто така може да биде проширена. Овој модел доаѓа со истиот 5 инчен екран со HD (720p) резолуција и батерија со капацитет од 2.000 mAh. Задната камера е истата со 8 мегапиксели, но предната доаѓа со 2 мегапиксели.

htc-desire-526-global-hero

Desire 526 и 520 се уште послаби модели и доаѓаат со 4,7 и 4,5 инчни екрани кои што не се со HD резолуција, односно доаѓаат со qHD и FWVGA екрани.

Првиот модел вклучува 1,5 GB RAM меморија, додека вториот 1 GB. Двата модели доаѓаат со 8 GB меморија за складирање која што може да биде надополнета со картичка, како и 8 мегапикселна задна и 2 мегапикселна предна камера. Батериите на двата модели се со капацитет од 2.000 mAh.

Сите нови претставени модели доаѓаат со најновата верзија од Android оперативниот систем, односно Android 5.1 Lollipop, а врз него е 7-мата верзија од HTC Sense корисничкиот интерфејс.

Извор: HTC, GSMArena

Претходна статијаПопуларниот Commodore се враќа – Ќе претстави Android телефон оваа недела
Следна статијаПретставен Huawei M2 – Таблет од високата класа со одлични звучници и пристапна цена
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.