По информациите дека Huawei го презема првото место во Кина, веќе можеме да прочитаме дека оваа компанија бележи одлични продажби и на светско ниво. Продажбите се доволно големи за да ја донесат компанијата на третото место во светот според продажба на паметни телефони, место кое што досега го држеше исто така кинеската Xiaomi.
Првите две места остануваат да ги држат Apple и Samsung чии што позиции сепак сега за сега не се загрозени од растот на Huawei.
Инаку, растот на продажбите на Huawei измерен во третата четвртина од оваа година изнесува 63% во споредба со истиот период од минатата година. Тие со продажбата на 27,4 милиони уреди се на добар пат да стигнат до бројката од 100 милиони за целата година, што би претставувало раст од 33% од минатата година.
Порастот на продажбите на Huawei се должи на успехот на компанијата како во Кина, така и на европскиот пазар. Тука посебно треба да се истакне добрата соработка која што ја имаат од компанијата со мобилните оператори, нешто што значително може да ја зголеми продажбата на телефони.
Сепак, слаба точка за Huawei останува американскиот пазар. Оваа компанија дури беше спомената во Конгресот како закана за приватноста на корисниците, па тоа претставува дополнителен притисок за успех на тој пазар.
Извор: Reuters