iPhone 13 ќе биде претставен идната недела, поточно во вторник на 14ти септември на настан кој ќе почне во 19:00 часот по македонско време. Ова не ги спречува неофицијалните информации кои почнаа да излегуваат за наследникот на овој непретставен модел, односно за iPhone 14.
Овие информации немаше да ги сметаме за сериозни доколку не доаѓаа од познатиот Џон Просер преку неговата страна Front Page Tech. Исто така, информациите кои тој ги најавува се нешто што се очекува да се случи, иако поради доста долгото време кое ќе помине, се остава простор некои работи да бидат и одложени.
Две главни новини се најавуваат за iPhone 14. Едната е зголемување на димензиите на уредот, односно неговата дебелина. Со ова ќе се постигне да модулот за камерите не излегува од телото, па задниот дел на iPhone 14 треба да биде доста порамен и мазен.

Втората работа која се најавува е тргање на исечокот од екранот и негова замена со дупка за камерата. Со оглед на тоа што некои производители веќе претставуваат камера под екранот, малку е чудно што Apple и идната година нема да се одлучи за такво решение, но оваа информација не мора да значи дека е точна.
Друга работа која се најавува е титаниум за страничната рамка, како и кружни копчиња за звук, како што беше случајот со постарите модели.
Сепак, со оглед дека се работи за информации за производ кој треба да биде претставен за една година, не би ги сметале како доволно точни, многу работи може да се променат до идната година.
Видеото од Просер во кое ги најавува карактеристиките на iPhone 14 можете да го погледнете во продолжение.