Засега ништо не е официјално потврдено, но на друштвените мрежи може да се види не толку ретко „жалење“ од страна на корисници на iPhone 14 серијата дека нивните уреди побрзо од очекуваното губат од капацитетот на батеријата.

Со оглед на тоа што засега коментарите се поврзани со очекувања со споредба со претходното искуство, не може со сигурност да се знае дали Apple навистина има „штедено“ на батериите со оваа серија.

Како и да е, од коментарите кои и јас ги имам начекано на X повеќе пати, можам да заклучам дека корисниците имаат помал капацитет на батеријата после скоро една година користење, од капацитетот на батеријата на мојот скоро две години стар iPhone.

Apple започна со прикажување на капацитетот на батеријата после „аферата“ која излезе и покажа дека од компанијата ја намалуваат моќта на чипот како што се намалува капацитетот на батеријата со цел да се задржи одредено ниво на функционирање на уредот.

Корисниците сега самите можат да видат колку капацитет има батеријата, па доколку истата забележат дека мораат почесто да ја полнат, ќе знаат зошто е тоа така.

Од компанијата сепак признаваат одредено ниво на капацитет како проблематично, па доколку батеријата падне под 80% капацитет пред да помине околу 500 циклуси на полнење и празнење, од компанија би ја замениле истата.

Се надеваме дека со новата iPhone 15 серија, батериите ќе бидат нешто подобри од ланската серија.

ИЗВОРApple Insider
Претходна статијаGoogle го закажа нивниот Pixel настан за 4 октомври
Следна статијаМинистерот Азир Алиу учествува на најголемиот авијациски фестивал „Текнофест“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.