iPhone 15 Pro телефоните ќе дојдат со класични копчиња, какви што имаат сегашните модели достапни во продажба. Досега неофицијално беше најавувано дека Apple планира промена на класичните копчиња со „цврсти“ копчиња, односно такви кои не се притискаат, но оставаат впечаток дека се притиснати со мали вибрации.
На овој начин функционираше копчето кај iPhone 7, односно „тракпадот“ кај MacBook лаптоп компјутерите.
Информацијата доаѓа од добро познатиот Минг-Чи Куо кој истакнува дека причината за промената на плановите доаѓа поради нерешени технички проблеми кои не можат да се решат до почетокот на масовното производство на телефоните.
Корисниците може ќе бидат и посреќни со овој развој на настаните, иако не сме сигурни колку добро би ги направиле копчињата Apple, односно тие кои не се притискаат.
Планот да се користат вакви копчиња останува, па сега наводно тој е одложен за идната година, односно со iPhone 16 Pro серијата.
Друга информација која исто така неофицијално е достапна, е информацијата дека Apple планира промена на „преклопот“ за исклучување на известувања во обично копче. Ова копче треба да биде како новото копче кај Watch Ultra, односно корисниците да можат да бираат што ќе се случува со неговото притискање.
Оваа промена е повеќе од добредојдена, па корисниците покрај тоа што ќе можат да го користат како „mute“ копче, ако сакаат, истото ќе можат да го наместат да ја вклучува темната тема, на пример или да направи слика од екранот и слично.