Фото: Shutterstock.com

Претставувањето на новите iPad Pro таблет компјутери со М4 чипот во мај го донесе и најтенкиот iPad од компанијата досега. Ова ги насочи очекувањата кон пренесување на стилот и кај другите уреди од компанијата, па можевме да прочитаме дека iPhone 16 ќе го врати стариот тренд на правење што потенки мобилни телефони.

Тоа што треба да ја овозможи помалата дебелина кај уредите е нова матична плоча, поточно плоча направена со нов материјал. RCC – Resin coated copper треба да овозможи намалување на дебелината на уредите или барем повеќе простор за вградување на повеќе компоненти или поголеми батерии.

Овој материјал се најавуваше и за Apple Watch кој оваа година можно е да има јубилејна верзија, иако гласините веќе почнуваат да ја најавуваат за идната година.

Изгледа дека ништо од овие очекувања, барем не во блиска иднина. Познатиот Минг-чи Куо објави дека RCC материјалот ги нема поминато строгите барања за квалитет од страна на Apple, па истиот нема да се користи кај производите, барем не идната година како што првично се најавуваше.

Тоа значи дека веќе не треба да очекуваме доста мала дебелина кај iPhone 17, а ќе видиме дали такво нешто ќе биде случајот воопшто и со iPhone 18.

Кога ќе се земе во предвид малиот број на промени кои ги имаат смартфоните изминатите години, а нешто драстично не се очекува ни во иднина, новина како доста тенок уред ќе можеше да надомести, но изгледа ни тоа нема да се оствари.

ИЗВОРAndroid Authority
Претходна статијаGoogle Wallet ќе добие можност за додавање на било какви картички и документи
Следна статијаGoogle Maps на iPhone ја доби одамна достапната функција за мерење на брзината при навигација
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.