5s

Новиот 4 инчен iPhone, кој треба да биде претставен денес според последните информации ќе изгледа скоро исто како последниот телефон со тие димензии на Apple, а не како поновите iPhone модели, кои имаат позаоблен дизајн, кој ги прави многу подобри за држење во рака.

Според 9to5Mac, сајтот кој е специјализиран за Apple уредите, iPhone 5SE ќе има скоро ист дизајн како iPhone 5S, со таа разлика што отстрана алуминиумот веројатно ќе биде во мат изведба, исто како кај поновите модели.

918201370949PM_635_iPhone-5s

Ова значи дека новиот модел и нема да изгледа премногу ново, односно многумина ќе може да го згрешат за смартфон кој е веќе претставен пред скоро 3 години, а во Apple светот, никој не би сакал телефон што изгледа како од пред 3 години, нели? Да, дизајнот на iPhone 5S сеуште изгледа одлично и од некои агли дури и подобро од поновите iPhone-и, но многу е важно како другите ќе го препознаат Вашиот телефон, нели?

Сепак, има и друга информација (Сони Диксон, кој има „пријатели“ во кои работат во ланецот за набавка на делови на Apple) која тврди дека iPhone 5SE ќе има дизајн како поновите iPhone-и. Оваа информација е поткрепена и со 3D испринтан модел од смартфонот, како и футрола за него, која очигледно не пасува на iPhone 5S, односно е направена за телефон со заоблени краеви.

Она во кое сме сигурни е дека iPhone 5SE ќе има Apple A9 процесор, 16 или 64 GB простор и NFC чип кој ќе поддржува Apple Pay, а веројатно ќе чини 450 долари за почетниот модел, што го прави прилично достапен со оглед на тоа што има лого на гризнато јаболко во задниот дел.

Извор: 9to5Mac, Ubergizmo, The Next Web

Претходна статијаVivoMini компјутерите на Asus имаат мали димензии и солидни компоненти
Следна статијаПотврдено: Huawei P9 ќе има две камери во задниот дел