6s-bend

Првите поголеми iPhone-и, 6 и 6 Plus, поминаа најдобро од сите модели во историјата на пазарот, но тоа не значи дека повторно немаше проблеми со нив. Најголем секако беше тоа што телефоните беа исклучително меки – лесно се виткаа дури и при седење во џебот!

Во новите, “S” модели, пак, Apple објави дека се користи нов алуминиум со ознака 7000, кој е многу поцврст, како и ново, помалку кршливо стакло, што секако беше ставено на тест низ целиот интернет. Покрај тоа, телефоните се зајакнати на критичните места, односно онаму каде се виткаа претходниците – околу копчињата на левата страна.

Како и лани и овој пат излегоа неколку видеа на YouTube со кои се докажува цврстината на новите iPhone-и. И според тоа што можеме да го видиме на сите од нив, новите телефони се навистина поцврсти и корисниците не би требале да имаат проблеми со виткање како претходно.

Исто така, новиот алуминиум, при виткање е повеќе еластичен, што значи дека и да се свитка, се враќа во почетната состојба, додека постариот со ознака 6000 беше пластичен и при виткање остануваше свиткан.

Сепак, иако Apple најави дека екранот е помалку кршлив, во реалниот свет, доколку ви падне iPhone 6S или 6S Plus со дисплејот надолу, бидете сигурни дека ќе пукне. Како и секој модерен паметен телефон, нели.

Но, да не должиме многу – видеата се поинтересни:

Извор: Mashable, YouTube: uBreakiFix, PhoneBuff, FoneFox

Претходна статијаДва поврзани испитаника преку Интернет можат да погодат што другиот мисли
Следна статијаЕлон Маск верува дека батериската технологија за возилата наскоро значајно ќе се подобри