iphone 7 (4)

Скоро сите поголеми веб сајтови насочени кон технологијата веќе ги извадија своите рецензии за новите два iPhone-и. И покрај тоа што во рецензиите секако има разлики, сите се сложуваат во една работа, а тоа е дека помалиот iPhone 7 не може да издржи цел ден со едно полнење на батеријата, а особено споредено со конкурентите во својата класа.

Да бидеме реални, Apple дефинитивно има најдобра оптимизација на своите телефони, бидејќи го контролираат и софтверот и хардверот. И навистина, iPhone 7 троши најмалку енергија од веројатно сите паметни телефони денес, во што покрај оптимизацијата, улога игра и малата резолуција на дисплејот.

Сепак, неговата батерија има само 1.900 mAh, што е многу помалку од тоа на конкурентите. А од физика, како што знаеме не се бега – поголема батерија најчесто значи подолго траење со едно полнење. Интересно е што останатите паметни телефони во класата имаат и брзо полнење, па и покрај тоа што имаат поголеми батерии, се полнат многу побрзо од iPhone 7, што е уште еден голем минус за знаменосецот на Apple.

Според тестирањата, iPhone 7 овозможува зборување од 712 минути со едно полнење на батеријата, што е повеќе од двојно помалку од HTC 10, кој овозможува 1859 минути со едно полнење, LG G5 со 1579 минути со едно полнење Samsung Galaxy S7, кој овозможува зборување од 1492 минути со едно полнење.

iPhone 7 заостанува и при сурфање на 3G и покрај тоа што има поекономичен дисплеј со многу помала резолуција. Неговото траење во овој случај е 615 минути, споредено со HTC 10 кој издржува 790 минути, Galaxy S7 кој издржува 677 минути и LG G5 кој издржува 640 минути. Да, овде разликите не се премногу големи, но при користење на телефонот заедно со зборување, секако дека се собираат.

Сето ова го знаеме и од претходните генерации на iPhone, кој никогаш не бил познат по долгото траење на батеријата. Ова секако не важи за моделот 7 Plus, кој има многу поголема батерија и кој секако е препорачлив за сите оние кои сакаат iOS телефон и долго траење на батеријата. Ако немате преференца на оперативен систем, Android уредите дефинитивно ќе бидат подобро решение за оние кои сакаат долго траење на батеријата.

Извор: Inquisitr, The Guradian, Trusted Reviews

Претходна статијаMicrosoft престанува со производството на Band 2, нема да има ниту нов модел
Следна статијаGoogle денес ги претставува новите телефони – настанот може да го следите во живо