Можеби оваа гласина не е на ниво на останатите, кои кажуваат какви карактеристики ќе има телефонот, па кога ќе биде претставен, како ќе изгледа екранот и слично, но не е помалку важна во добивањето слика за новите iPhone уреди кои треба да бидат претставени после летото.

Apple сепак дава значење на секоја ситница при изработката на нивните уреди, па достапните бои од кои корисниците може да изберат се дел од корисничкото искуство кои го добиваат фановите.

За новиот iPhone 8 сега доаѓаат информации дека можно е, покрај неколкуте бои како избор, да има и варијанта која ќе има изработка направена како огледало.

Информацијата доаѓа од познатиот протекувач на информации Бенџамин Гескин преку неговиот Twitter профил каде објавува и слика од тоа како тој го замислува уредот.

Ваквиот изглед може да му даде посебен „шмек“ на новиот уред и дефинитивно да го издвои од конкуренцијата. Вакви телефони до сега, освен преку маски, не сме имале можност да користиме, па сигурно би било интересно.

Кога на тоа ќе се додаде „допирот“ на Apple, доколку оваа варијанта навистина биде претставена, сигурно ќе биде направена да изгледа одлично.

Инаку, една од најинтересните информации кои излегоа периодов за карактеристиките на iPhone 8 беше таа дека Apple планира целосно исфрлање на системот за отпечатоци од прстите и ќе го замени со понапреден 3D систем за скенирање на лицето на корисникот. Овој систем наводно треба да биде посигурен и побрз од останатите.

Извор: MacRumors, TechRadar

Претходна статијаЕлон Маск го прикажа првиот произведен автомобил од новиот Tesla Model 3
Следна статијаВашето тело може да се користи како батерија за електронски геџети
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.