Le-Superphone copy

Се чини не поминува ден, а да не видиме некој нов кинески производител на паметни телефони. Хитот за денес е Letv, кој тврди дека ќе биде бестселер во светот и кој, за промоција на брендот, го спореди Apple со Хитлер! И најинтересно од се, ќе почнат со продажба директно од американскиот пазар!

Објаснувањето за тоа зошто Apple го споредиле со еден од најголемите тирани во историјата на човештвото е бидејќи Apple става вето на многу апликации и има затворен систем, слично како геноцидите што ги правел Хитлер. Искрено, не ја гледам сличноста во овие две работи, но со самата споредба, факт е дека Letv веќе го има нашето внимание, што веројатно сакале да го постигнат.

Инаку, се работи за компанија со промет од 12 милијарди долари (тоа е многу!), која се базира на вертикално интегриран еко систем за понуда на производи. Во превод, Letv произвоедува различни производи, за различни пазари, односно во САД ќе понуди продукти кои немаат апсолутно никаква поврзаност со тоа што го работеле досега. Како на пример дека се работи за телевизија!

Во почеток, се очекува да лансираат нов модел на паметен телефон од високата класа, кој е, пазете ова, оригинален и кој ќе се вика Le Superphone! А што го прави супер? Тоа што изгледа скоро подеднакво исто како HTC One серијата и има моќен Qualcomm Snapdragon 810 процесор. И ќе го има новиот USB Type-C конектор за полнење. Другите спецификации не ги знаеме, но за очекување е големината на екранот да биде од 5 до 5,5 инчи (ќе бидат понудени три различни модели).

Една од поинтересните работи што ќе ги има Le Superphone е можноста за засилување на боите на екранот, односно како што опишуваат Letv, тоа ќе биде како Instagram филтер за оперативниот систем! Сигурно многу корисници ќе го најдат ова како практично и функционално.

И последно, не помалку важно од се што кажавме досега, од Letv велат дека со новиот паметен телефон ќе се обидат да не бидат како никој друг производител на пазарот.

А се ова држи вода ако се правиме дека тоа што го гледаме на фотографиите не е чиста копија на HTC One M9. Или можеби и јас сум добил погрешна претстава.

Извор: The Verge

Претходна статијаNASA: Curiosity пронајде знаци за течна вода под површината на Марс
Следна статијаУниверзумот можеби не се забрзува колку што досега се мислеше