Letv-Le-1s (1)

Неодамна пишувавме за Letv, новиот кинески производител на паметни телефони, кој при лансирањето на првиот модел го спореди Apple и нивниот затворен еко систем со Хитлер. Сега имаат нов модел, кој има делумни подобрувања и HTC One дизајн.

Компанијата Letv инаку се бави со продукција на онлајн видео содржини во Кина, исто како што е Netflix за Америка. Како и својот претходник и новиот модел ќе има една година бесплатна претплата на сервисот за видеа, но повеќето од нив се синхронизирани на кинески јазик, што значи дека не би можеле реално да го користите.

Letv-Le-1s (2)

Le 1S (претходникот се викаше Le 1) инаку има 5,5 инчен екран со Full HD резолуција, помоќен Mediatek Helio X10 Turbo чип со осум јадра, 3 GB рам меморија, 32 GB простор за складирање податоци и задна камера со 13 мегапиксели, која има исклучително брз автофокусен систем и предна камера со 5 мегапиксели и широка леќа. Батеријата има капацитет од 3000 mAh, а во задниот дел е вграден и читач за отпечатоци на прстите. Опремен е со Android 5.0 Lollipop со посебен EUI скин кој го имитира изгледот на iOS.

Однадвор телефонот е целосно изработен од метал и неодоливо потсетува на HTC One серијата, но сепак се работи за кинески телефон – ваквите преземања на идеи се очекувани и може да се проголтаат, особено кога ќе ви ја соопштам цената – 175 долари! Да, ова се однесува на кинескиот пазар, но сепак е многу, многу достапно. Letv има план и за проширување на продажбата на други пазари, па стегаме палци тоа да се случи и кај нас.

Letv-Le-1s (3)

Извор: CNET, GSMArena

Претходна статијаПолесно најдете го вашиот автомобил со Windows Maps
Следна статијаRaspberry Pi отсега ќе може да се прилагоди на потребите на купувачот