Сигурен сум дека скоро и да нема човек на планетава на кој не му пречат комарците во лето, особено досадното зуење навечер. На пазарот веќе има многу различни решенија кои тврдат дека го решаваат проблемот со комарците, од кои повеќето успешно, а сега нив им се придружува и нов смартфон од LG, кој има вграден звучник кој произведува ултразвук кој ги брка комарците од просторијата.

Очекувано, овој смартфон не е наменет за нашиот пазар, туку за пазарот во Индија, каде проблемите со комарците и заразите кои доаѓаат со нив се многу поголеми. Токму затоа и самите спецификации на телефонот не се особено импресивни, односно се работи за телефон од ниската класа. Поточно, LG K7i е верзија со ултрасоничен звучник на веќе актуелниот LG K7, кој има прилично слаб 5 инчен дисплеј со резолуција од 854х480 пиксели, слаб MediaTek процесор со 4 јадр ана 1,1 GHz, предна камера со 5 мегапиксели и задна со 8 мегапиксели.

Покрај слабите спецификации, телефонот е изработен целосно од пластика и онаму каде што е поставен звучникот е подебел од останатиот дел од телефонот, што претпоставувам ќе го направи и малку незгоден за користење. Сепак, со оглед на тоа дека во Индија и се губат животи од зарази од комарци, можноста овој смартфон да го имате секогаш во себе за да ве заштити барем делумно е секогаш добредојдена. Згора на тоа, цената од 120 долари во Индија и не е премногу висока и која перфектно добро одговара на послабите спецификации.

Извор: Mashable, The Verge, Android Authority

Претходна статијаКомпанија за апарати за домаќинство ќе произведе електричен автомобил до 2020
Следна статијаGoogle работи на трет Ultra Pixel смартфон со супериорни премиум карактеристики?