Според неофицијалните досега најави, Samsung се очекува да го одржи својот овој пат само онлајн Unpacked настан на 5-ти август. На овој настан се очекува претставувањето на Galaxy Note20, како главен уред, а тука е и можноста за претставување на Galaxy Fold 2, Galaxy Watch 3 и други уреди.

Според најнови исто така неофицијални информации, Samsung планира уредите да ги претставува секој месец, односно да не ги претстави сите наеднаш во август, иако не се исклучува нивно покажување во рамките на настанот.

Па така, Galaxy Note20 ќе биде претставен во август, во септември ќе биде претставен Galaxy Fold 2, а за октомври се најавува претставување на „lite“ верзија од Galaxy S20, овој пат наречена Galaxy S20 Fan Edition.

Тоа што не се споменува е нова верзија од Galaxy Z Flip, нешто што исто така беше дел од неофицијалните информации, па останува да видиме дали воопшто ќе има ваква верзија и кога истата би била претставена.

Претставувањето на паметен часовник и други слични уреди се очекува да се одржи најверојатно во август, заедно со претставувањето на Galaxy Note20.

ИЗВОРTim's Guide
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаFacebook мобилната апликација конечно ќе добие темна тема – истата се тестира кај корисниците
Следна статијаMicrosoft нема да ги отвори продажните салони кои беа затворени во март поради коронавирусот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.