Apple треба да ја претстави наредната генерација од iPhone во есен како и секој година, а за оваа година се очекува iPhone 12 да има четири модели. Од нив, два ќе бидат од нешто пониската класа, а два ќе бидат од повисоката Pro класа.

Веќе можевме да прочитаме дека Apple и оваа година ќе го задржи исечокот на екранот, нешто што се надеваме дека ќе биде последен пат. Сепак, кај овогодинешните модели тој ќе биде нешто помал, па ќе може да се очекува поголема искористеност на екранот во тој дел, како и полесно привикнување на визуелниот дел.

Познатиот Макс Веинбах од EverythingApplePro излезе со нови информации кои дополнително ни даваат слика за што да очекуваме од iPhone 12.

Според информациите, Apple оваа година ќе вклучи стапка на освежување на екранот кај Pro моделите од 120 Hz, нешто што неколку модели кај конкуренцијата веќе го имаат и оваа година станува популарно.

Galaxy S20 моделите од Samsung ја имаат оваа стапка на освежување и од нашето тестирање можеме да кажеме дека истата се забележува и веќе нема да можете да користите телефон со помала стапка.

Покрај ова, од iPhone 12 Pro моделите се очекува да имаат подобрени камери, поточно во нивната можност за сликање во темни услови. Исто така, камерите ќе го добијат LiDAR сензорот за подобро проценување на длабочината на сликата, како и за доста подобро фокусирање.

Корисниците може да очекуваат и батерија со капацитет од 4.400 mAh, па iPhone треба да продолжи да веќе не биде пример за слабо траење на батеријата, нешто што е доста средено од минатата година.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 29to5Mac
Претходна статијаGoogle и Facebook ги продолжија плановите за работа од дома до идната година
Следна статијаМакпетрол: Новите измени од страна на РКЕ предизвикуваат сериозни штети врз работењето
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.