Неофицијалните информации кажуваат дека оваа година Samsung може уште порано да го одржи својот Unpacked настан за претставување на новата Note серија, а сега веќе ја имаме и првата неофицијално најавена дата.

Според Џон Просер, кој е познат по точните информации, Samsung ќе го претстави Galaxy Note20 на 5-ти август, што е во основа исто како и минатата година, разликата е еден ден.

Покрај Note20, што според неофицијалните информации може да дојде во три варијанти исто како S20 серијата, Просер најавува дека Samsung ќе ги претстави и Galaxy Fold 2, нешто што веќе се очекува, како и 5G верзија од Z Flip.

Продажбата на уредите би требало да почне на 20-ти август, а обично и кај нас стануваат веднаш достапни за купување.