Note серијата изминатите неколку години Samsung ја претставува во август, а оваа година тоа може да се случи и нешто порано, но останува да видиме. Galaxy Note20 треба да дојде во две верзии, а заедно со нив се очекува и претставување на Galaxy Fold 2, како и можно претставување на Galaxy Fold Lite.
Од тоа што досега можевме да го прочитаме за Note20, јасно ни е дека не треба да очекуваме некоја голема промена во изгледот, а поставувањето на камерата под екранот на предната страна за да нема веќе дупки или исечоци, изгледа ќе остане за наредната година.
Потврда, иако не е објавена како сигурна, доаѓа од познатиот Ice universe кој ги прикажа најновите и неофицијални „рендери“ од Note20.
Овие рендери го потврдуваат тоа што го имаме до сега како информација. На задната страна ќе биде поставен сега веќе популарниот и често користен модул за камери, а ќе ги има три. Според некои информации Samsung веќе нема да користи ToF сензор во наредните телефони.
На предната страна се гледа мала дупка на средината од горниот дел од екранот каде што е поставена камерата, па ако се точни овие слики, ова е уште една потврда дека визуелното тргање на предната камера, сепак останува за идната година.
Тоа што го нагласува Ice universe е дека изгледот и големината на рамките на сликите не треба да се земат како точни, односно тие нема шанса да бидат до толку големи.
Galaxy Note20. pic.twitter.com/g9agV6U7NN
— Ice universe (@UniverseIce) May 19, 2020