iPhone SE е поевтиниот модел кој Apple го пушта обично во пролет, односно не заедно со главните модели на компанијата. Последниот модел, трет по ред, беше претставен оваа година во март и дојде со веќе застарениот дизајн и „home“ копчето кое одамна го нема кај стандардните модели.

Идната година изгледа овој модел конечно ќе добие помодерен дизајн, па ако се точни сликите од Џон Просер, iPhone SE четврта генерација ќе биде доста попривлечен за купување.

Од сликите кои се објавени се гледа тргање на „home“ копчето, а поради тоа и конечно намалување на огромните рамки кои беа присутни досега. На горната страна се гледа познатиот исечок кој уште го користи Apple, но во својата прва, доста поголема „изведба“.

Информации за карактеристиките на iPhone SE уште нема, но промената на дизајнот е можеби и најголемата новина која може да се очекува за идната година и која ќе привлече најголемо внимание.

Наводно, покрај новиот дизајн, iPhone SE ќе дојде и со поголем екран, па наместо сегашните 4,7 инчи, идната година овој модел ќе има 6,1 инчен екран.

ИЗВОРFPT
Претходна статијаПуштена најновата верзија од Ubuntu со неколку интересни и корисни новини
Следна статија„Макпетрол“ АД Скопје овозможи онлајн нарачки и плаќање на екстра лесно масло за домаќинство EL-1
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.