xiaomi-mi5

Вториот најголем кинески производител на паметни телефони, ќе го претстави својот знаменосец на почетокот од наредната година, но како што е случајот со сите телефони денес, ние ги имаме првите информации и компјутерски рендери уште сега.

На фотографиите може да се види дека Xiaomi ќе направи промени во дизајнот во однос на досегашните модели, а најголема ќе биде употребата на физичко “Home” копче, како кај iPhone односно Galaxy серијата на Samsung. Овој потег е веројатно направен за да може да се вгради сензорот за читање на отпечатоци на прстите во самото копче, наместо во задниот дел на пример, што е многу пофункционално. Исто така, карактеристика на Mi5 е малата рамка околу екранот, која прави да делува помодерно.

Според информациите протечени од еден Weibo корисник (Weibo е кинеска аналогија на Google), новиот Mi5 ќе биде и еден од првите телефони со новиот Snapdragon 820 чип, кој ќе донесе значително подобри перформанси во однос на својот претходник. Исто така, најавено е дека телефонот ќе има и систем за препознавање на притисок на дисплејот, сличен на 3D Touch во iPhone.

Се уште нема информации за големината на дисплејот, но Xiaomi би можел да лансира и поголем “Plus” уред. Телефонот со сигурност треба да биде лансиран со вграден Android Marshmallow 6.0, а според најавите, цената ќе изнесува околу 310 долари за основниот, односно 390 долари, а подобро опремен модел, веројатно со повеќе рам меморија и простор за складирање податоци.

Извор: TechnoBuffalo, Android Central, Ubergizmo

Претходна статијаНајмалиот безжичен сензор за температура има димензии од 2 х 2 милиметри
Следна статијаМорнарицата на САД го пушти во тест својот најнов футуристичен брод – USS Zumwalt